По 16 години врска и тајна бременост, Ана Курникова и Енрике Иглесијас станаа родители на близнаци
- Детали
- вторник, 19 декември 2017
Ана Курникова и Енрике Иглесијaс за првпат станаа родители на момче и девојче, според извори кои тврдат дека Ана се породила во саботата во Мајами.
Според TMZ, познати се и имињата на близначињата кои наводно ќе се викаат Николас и Луси.
Оваа вест изненади многу фанови, со оглед на тоа што никогаш не дознавме дека Ана е воопшто бремена.
Сепак, водејќи се по тоа дека тие и нивната врска постојано ја чуваат во тајност и настрана од медиумите, не е ништо чудно што парот бил мистериозен и за бременоста на тенисерката.
На социјалните мрежи тие почнаа да добиваат честитки, меѓу кои се најдоа и официјалните профили на Australian Open и US Open на Twitter.
https://twitter.com/AustralianOpen/status/942888735636561920/photo/1
https://twitter.com/usopen/status/942881391641014272/photo/1
М. М. | Црнобело