Дали нивната врска е маркетиншки трик? - Интересни факти за врската на Шон Мендез и Камила Кабејо

Шон и Камила се еден од најомилените парови во музичката индустрија.

01.jpg

Првпат беа забележани заедно уште во периодот кога Камила беше дел од Fifth Harmony и уште оттогаш ги започнаа гласините за нивната врска.

На големо задоволство на фановите, парот ја „призна“ врската, но како всушност започнало сè?

Очигледно Шон и Камила не можат да ги тргнат рацете еден од друг, дури и кога настапуваат.

Затоа, сигурно ќе ве интересираат овие факти за нивната романса.

1. Се запознаа на доделувањето на Video Music Award во 2015-та. Интересно е што има и фото-доказ за нивната прва средба, на која уште веднаш се забележува хемијата меѓу нив.

interesni-fakti-za-shon-mendez-i-kamila-kabejo-02.jpg

2. Само неколку недели после доделувањето на VMA, Шон и Камила беа забележани заедно на музичкиот фестивал iHeartRadio.

3. Во ноември 2015-та го објавија нивниот заеднички хит „I Know What You Did Last Summer“. Тој период и двајцата разговараа за нивната професионална врска, притоа нагласувајќи колку им значи нивната уметност и нивната песна.

4. Во декември 2015-та дуото го изведе заедничкиот хит на шоуто Jingle Ball. Можеби тогаш фановите најмногу ја забележаа хемијата помеѓу нив. За жал, веројатно нема да дознаеме дали уште тогаш биле заедно.

interesni-fakti-za-shon-mendez-i-kamila-kabejo-03.jpg

5. Нивниот хит освои две награди на доделувањето на iHeartRadio Music Video Awards. Шон и Камила заедно ја примија наградата, а потоа со денови се зборуваше колку добро изгледале на сцената.

6. Кога Камила ја издаде песната „Crying in the Club“, Шон го имаше најдобриот коментар. Пејачот изјави дека останал без зборови и дека Камила е неверојатна.

7. Еден период имаше гласини дека Шон е во врска со сегашната сопруга на Џастин Бибер – Хејли Болдвин. Гласините беа потврдени во 2018-та на Мет галата.

interesni-fakti-za-shon-mendez-i-kamila-kabejo-04.jpg

8. Во едно интервју во кое го промовираше својот албум, Шон зборуваше за Камила, за тоа колку е неверојатна и колку ја сака. Пејачот додаде дека никогаш не сретнал личност како неа и дека бил пресреќен што ја има во неговиот живот.

9. Во едно интервју, Камила изјави дека како што се вљубила, „се отворила“. Сите нејзини текстови биле инспирирани од нејзиниот љубовен живот и секогаш пишувала за љубовта во сегашно време. Камила објасни и дека многу сакала да работи со Шон.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
Најубавите парови на доделувањето на Еми награди 2024 (фото) Кортни Кардашијан и Тревис Баркер споделија страстен бакнеж пред камерите, а Сел...
Првата сопруга на Принц: Ја посвои на 16 години, на 19 ѝ ја одзеде невиноста, смртта на синот им го ... Кога првата сопруга на Принц имала 16 години, тој станал нејзин законски старате...
Принцот Вилијам - 191cm, Лејди Гага - 155cm: Колку се навистина високи светските ѕвезди? Топ-моделот Синди Крафорд има 175cm, исто колку и Џастин Бибер. Актерот Питер Ди...
Обожавал 14-годишни девици, сакал да гледа парови додека водат љубов: Сите фетиши на Елвис Присли Кралот на рокенролот, Елвис Присли, живеел развратен живот. Најмногу сакал девиц...
Меган Фокс откри дека имала спонтан абортус со бебето на Машин Ган Кели: „Се прашував - Зошто ми се ... „Ни беше многу тешко и на двајцата и тоа нè одведе во еден сосема поинаков праве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg