Го „фатиле жив“ – Џејмс Корден лажно вози во „Carpool Karaoke“ (видео)
- Детали
- петок, 24 јануари 2020
Години наназад, „Carpool Karaoke“ е едно од најгледаните шоуа во светот. Џејмс Корден изгледа навистина реално како да го вози автомобилот за време на интервјуата.
Еден твитерџија ги начекал за време на снимањето на емисијата со Џастин Бибер и успеал да сними како автомобилот всушност ја влече камион, а Корден само импровизира возење.
Lol I saw it too pic.twitter.com/1VMJvGJDlZ
— avrumi (@avrumim) January 23, 2020
Донекаде, ова е добро и изгледа далеку побезбедно отколку да возат за време на снимање.
Сепак, се појавија и фотки каде други луѓе исто успеале да го начекаат Корден за време на снимање, а тој навистина возел за време на емисијата со One Direction.
Исто така и на снимањето со Кети Пери.
I JUST MET KATY PERRY WHILE SHE WAS FILMING CARPOOL KARAOKE WITH JAMES CORDEN pic.twitter.com/ah6TPUUTyz
-->— Matthew Ables (@matthewables98) May 15, 2017
Се претпоставува дека во поновите снимања, заради ризик, започнале да го користат камионот.
Е. П. | Црнобело