Империјата за шминки на Кајли Џенер - Што се случува зад затворени врати?
- Детали
- недела, 26 јануари 2020
Иако Кајли Џенер постојано споделува новости од нејзината козметичка империја, сепак некои работи остануваат зад затворени врати.
По 16-минутната YouTube прошетка низ нејзините канцеларии, можевме да откриеме што точно се случува таму.
Издвојуваме неколку факти за успешниот бизнис на младата Кајли Џенер:
1. Ги знае вработените по име и ги поздравува при секое влегување.
2. Води две компании од една канцеларија – Kylie Skin и Kylie Cosmetic.
3. Насекаде има огромни прототипи од предмети кои се вклучени во кампањите.
4. Сторми обично секогаш е со неа.
5. Има елементи од нејзините сестри – како на пример, насловни страни од магазини закачени по ѕидовите.
6. Може да помине цел ден на еден состанок.
7. Има цел ѕид на кој се наредени сите сетови кои досега биле пуштени во продажба.
8. Крис Џенер има свој мини-бар во просториите.
9. Кајли го осмислила концептот на канцелариите и го уредила просторот.
10. Има приватна бања со розов мермер.
11. На огромните телевизори постојано има пуштено нејзини видеа од гостувања и интервјуа.
12. Има фото-студио во склоп на канцелариите.
13. Има и цел ѕид на кој се закачени сите опаковки од нејзините сјаеви за усни.
14. Повеќе членови од семејството ги користат нејзините канцеларии за состаноци.
М. Д. | Црнобело