Камила Кабејо немала да помине на аудицијата на X-Фактор – Сајмон Кауел открива зошто
- Детали
- четврток, 02 јануари 2020
Доколку ја следите кариерата на Камила Кабејо од почетокот до сега, сигурно знаете дека нејзината аудиција во X-Фактор за малку па да заврши неславно.
Сајмон Кауел, човекот кој стои зад целиот проект, откри нови детали за неговата прва средба со младата пејачка.
Тој вели дека за малку немале да ја пуштат воопшто да излезе на сцената.
„Се сеќавам дека видов една девојка која плачеше на подот. Ѝ пријдов и ја прашав што е работата, а таа ми рече дека не ја пуштаат да настапи бидејќи нема веќе време. Ѝ рекле да си оди дома.“ – се сеќава Сајмон на првата средба со Камила.
„Тогаш и реков да излезе на сцената и ургирав да ја пуштат. Девојката „растури“!
Е. П. | Црнобело