10 познати личности кои се атеисти, но ништо не ги спречува да прават добри дела

Секојдневно слушаме како познатите личности, спортисти, пеачи, актери му се заблагодаруваат на Бога за нивниот постигнат успех и освоените награди.

10-poznati-lichnosti-koi-se-ateisti-no-nishto-ne-gi-sprechuva-da-pravat-dobri-dela-01.jpg

Според истражувањата, денес атеизмот е во благ пораст, особено во западниот свет, па не е ни чудо што оваа бројка постојано се зголемува и во светот на познатите.

Нивниот број е толку голем што оваа листа нема да вклучува дури 2% од нив, но во продолжение ви издвојуваме 10 познати личности за кои најверојатно не сте ни претпоставувале дека се атеисти.

Некои од нив велат дека себеси се сметаат како Бог. Се надеваме дека овие сознанија ќе прекршат многу предрасуди за атеистите, затоа што јасно е дека тие можат да потекнуваат од различни животни краишта и сфери, но може да бидат и повеќе дарежливи од најрелигиозните луѓе.

Да почнеме...

Даниел Редклиф

Англиски актер кој стана познат по улогата на Хари Потер во сите 8 продолженија на тој филм.

Во едно интервју изјави дека е „опуштен атеист“ кој не се обидува да проповеда атеизам на секој чекор, но кој има голема почит кон луѓето кои промовираат атеизам (како Ричард Докинс).

10-poznati-lichnosti-koi-se-ateisti 03 630x312.jpg

Кети Грифин 

Извонредната комичарка Кети Грифин никогаш не ја криеше својата религиозна ориентација, но на Еми наградите во 2007 година, отиде еден чекор подалеку.

Кети беше многу лута на христијанската заедница и рече: „Многумина што излегуваат на оваа бина му се заблагодаруваат на Исус за наградата. Сакам да знаете дека Исус немаше никаква врска со мојата награда. Тој не ми помогна нималку. Оваа награда е сега мојот Бог “.

10-poznati-lichnosti-koi-se-ateisti-no-nishto-ne-gi-sprechuva-da-pravat-dobri-dela-004.jpg

Морган Фримaн 

Морган Фримaн е американски актер, режисер и наратор. Тој е номиниран повеќепати за Оскар, а има освоено и еден во филмот Milion Dolar Baby.

Во 2010 година во едно интервју на CNN го прашале дали е „човек на Бога“, а тој смешкајки се одговори: „Не, не, не. Човек на Бога? Не. Верба. Постои голема разлика. Вера е сето она во коешто ти избираш да веруваш“.

Помалку иронично е што токму овој актер одигра одлична улога на Бог и тоа во два филма („Bruce Almighty“ и „Evan Almighty“).

10-poznati-lichnosti-koi-se-ateisti 05 630x473.jpg

Бред Пит

Еден од најпознатите актери на денешницата и за многумина еден од најатрактивните мажи на светот. Бред еднаш изјави за германско списание дека не верува во Бог.

На прашањето дали неговата душа е духовна, тој рече: „Не, јас веројатно сум 20% атеист и 80% агностик. Мислам дека никој не може целосно да знае. Можеби ќе дознаете кога ќе умрете, дотогаш нема смисла да размислувате за тоа“.

Одлично познат факт е оној за постојаното учество во добротворните дела и акции на овој актер, пред и по разводот од Аџелина Џоли.

10-poznati-lichnosti-koi-se-ateisti 06 630x443.jpg

Марк Закерберг 

Марк Закерберг е основач на онлајн социјалната мрежа Фејсбук и во моментов е најмладиот милијардер во светот. Израснат е во Њујорк во еврејско семејство и на 13-годишна возраст се прогласил за атеист.

Во 2010 година, Time го прогласи за личност на годината. Досега тој донираше близу 1 милијарда американски долари за добротворни цели. Во октомври 2014 година, тој и неговата сопруга донираа 25 милиони долари за борба против вирусот ебола.

Марк смета дека фактот што тој се прогласил себеси за атеист, никако не влијае на неговата желба за спроведување на добри и хумани дела.

10-poznati-lichnosti-koi-se-ateisti 07 630x473.jpg

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

Остана без работа поради користењето дрога, не ѝ дозволувале да јаде: Тажни детали од животот на Кеј... По бурната врска со Џони Деп, за да го преболи, Кејт Мос се вплетка во љубовен т...
„Заради неа почна да се бања и да ги чисти забите со конец“: Бред Пит сака деца со девојка му Инес Според извор близок до Бред Пит, актерот, за кој долго се шпекулира дека не воде...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...
Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал д...
7 познати парови кои се венчаа откако раскинаа Бен Афлек и Џеј Ло беа свршени во раните 2000-ти, раскинаа, а се смирија и венча...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg