Кога познатите ќе си ја утнат фризурата (фото)
Шиа Лабаф
Актерот реши да ја порасне косата, да ја избричи од страните и да ја носи во плетенка.
Ова е фризура што дефинитивно не му стои на никого.
Кара Делавињ
Кара е модел и актерка, па подготвена е на секакви трансформации. Сепак, кога ја избричи главата за филмска улога, никој не беше воодушевен од нејзиниот изглед.
Ен Хатавеј
Во 2013-та Ен реши да стане русокоса. Но ова е боја што навистина не ѝ стои добро.
Актерката ја скрати косата и за филмот „Les Miserables“, но секој ќе каже дека изгледа многу подобро со долга коса.
Дејвид Бекам
Фудбалерите се познати по смешните фризури, а ни Бекам не е исклучок.
На пример, тој мислеше дека плетенките ќе му стојат добро.
Џејк Гиленхал
Како Траволта, и Џејк е маж на кој дефинитивно не му стои бричена глава.
Ејми Вајнхаус
Краток период Ејми имаше руса коса. Едноставно, тој период сакала да изгледа поразлично, па затоа ја променила бојата.
Сепак, набрзо ѝ се врати на црната коса.
Натали Дормер
Актерката направи навистина драстична промена со фризурата во 2014-та.
Натали избричи дел од главата за улогата во филмот „The Hunger Games: Mockingjay“, а оттогаш нема направено некоја голема промена.
Роберт Патинсон
Во 2014-та и Роберт реши да експериментира со неговата коса, па се појави со навистина чудна фризура.
Тој период актерот беше во врска со FKA twigs, па многумина мислат дека таа е причината за оваа фризура.
Спирова С. | Црнобело