Кога познатите ќе си ја утнат фризурата (фото)
- Детали
- петок, 20 декември 2019
На секој му се случило да си ја утне фризурата, без разлика дали ја средувал сам или на фризер, а истото важи и за познатите.
Само затоа што имаат цел тим стилисти, не значи дека познатите имаат гаранција за беспрекорна фризура.
Одвреме-навреме и тие прават грешки, а понекогаш резултатите се навистина смешни.
Погледнете ги познатите кои направиле голема утка со нивната фризура:
Ума Турман
Пред неколку години, актерката ги изненади фановите кога се појави со пократка и потемна коса.
За среќа, веројатно Ума сфатила дека фризурата е ужасна, па ѝ се врати на русата коса.
Џејмс Франко
За улогата во филмот „I Am Michael“, Франко мораше да си ја фарба косата руса.
Очигледно, ни него не му се допаднала промената, па веднаш по завршувањето на снимањето тој ѝ се врати на неговата природна боја.
Познатиот актер се појави и со избричена глава, но и со цртеж на тилот. И овојпат, „фризурата“ е поради филмска улога.
Кејт Хадсон
Минатата година актерката си ја избричи главата за улогата во нискобуџетниот филм „Sister“.
Кејт никогаш претходно не направила нешто вакво, а сега знаеме и зошто.
Џон Траволта
Иако за мажите не е невообичаено да ја избричат главата, кога Џон Траволта го направи тоа, целиот свет беше шокиран.
За потребите во филмот „From Paris With Love“ актерот пушти брата и ја избричи главата и беше речиси непрепознатлив.
Алиша Кис
Пејачката не се плаши да експериментира со косата, па неколкупати има носено кратка коса.
Но, фризурата од 2013-та дефинитивно е нејзината најголема утка. Фановите до денес ја споредуваат со Битсли.
Адам Левин
Фронтменот на Maroon 5 реши да ја осветли косата.
Иако можеби не му стои толку лошо, слободно можеме да кажеме дека природната боја е многу подобра.