Момчињата на ќерките мора да потпишат договор и уште 10 правила кои Крис Џенер наложува да се следат
- Детали
- четврток, 19 декември 2019
Без мама Крис, империјата Кардашијан-Џенер немаше да постои, но за да стигнат дотаму, таа има создадено голем број правила кои сите околу неа мора да ги следат.
Иако сите Кардашијанс живеат живот по строги правила и целиот персонал треба да почитува стотици од нив, сепак главната е Крис Џенер, од која произлегува сè, а таа има водич дури и за ќерките.
Кои се правилата кои сите околу Крис треба да ги следат?
1. Ќерките не смеат да се гледаат со некој, кој нема потпишано договор со огромен број на страници и услови.
2. Таа зема 10% менаџерска провизија од секоја заработка на ќерките.
3. Нејзините ќерки мора да бидат независни и да имаат свој бизнис, а досега сите се движат во добра насока.
4. Дадилките во секој Кардашијан дом мора да се облекуваат стилски и да изгледаат добро на камера.
5. Ќерките не смеат да шетаат со премногу накит на нив, по грабежот врз Ким кој се случи во Париз.
6. Дадилките не смеат да се сомневаат во Крис и мора да прават сè што таа и ќерките ќе им кажат, дури и ако не се согласуваат со нивните методи на воспитување.
7. Никој не смее да фотографира во нејзиниот дом или било каде и да се, без дозвола (ова важи за персоналот, но и за гостите).
8. Нема толеранција за грешки кај членовите од обезбедувањето – ако се случи нешто непосакувано – добиваат отказ.
9. Ги тера ќерките да следат правила при објавување Инстаграм постови, како и да се држат до ценовникот.
10. Големите соопштенија мора да чекаат да ги соопштат пред камера во нивното шоу, бидејќи со тоа се заработува многу пари.
11. Иако сите членови на семејството се познати и популарни, никој не треба да заборави кој ги однел до врвот – сите мора да ја третираат како кралица.
М. М. | Црнобело