Ким како невеста, Бијонсе – провокативна: Спектакуларна забава на Диди за 50-ти роденден (фото)
- Детали
- понеделник, 16 декември 2019
Диди важи за крал на забавите, а за неговиот 50-ти роденден тој ги собра сите ѕвезди на едно место. Ким се појави во венчаница од 9.300 долари, Бијонсе во гламурозен фустан со шлиц, а Карди Би го истакна деколтето.
Кралот на забавите се наоѓа на листата на најплатени музичари според Forbes, па очекувано, не разочара ниту со организацијата на последниот настан.
По повод 50-иот роденден, Диди ги собра сите познати имиња како Бијонсе и Џеј Зи, Ким Кардашијан и Канје Вест, Леонардо ди Каприо, Фарел, Кејт Бекинсејл, Snoop Dogg, Наоми Кемпбел и многу други.
Забавата се одржа во неговата палата во Беверли Хилс, а пијалак на вечерта беше вотка Cîroc.
https://www.instagram.com/p/B6IC4JfBgcn/
На голем дел од славните личности им беа направени официјални портрети за Vanity Fair, а Диди ги објави фотките и го пофали фотографот, нарекувајќи го крал на кој е горд.
На забавата најмногу се истакна Бијонсе, која беше облечена во гламурозен фустан со провокативен шлиц, креација на косовскиот бренд Kujta & Meri, на која се работело со посебна љубов и емоција.
https://www.instagram.com/p/B6Gt-dAFwQv/
Ким Кардашијан, исто така остави впечаток, облечена во Vivienne Westwood фустан од невестинската колекција, кој чини 9.300 долари.
Погледнете ги официјалните портрети и приватните фотки од спектакуларната забава за 50-иот роденден на Диди:
М. М. | Црнобело