Што го прави еден брак успешен и среќен? 6 совети од 6 славни парови

Љубовта е загатка која е подеднакво тешко решлива како за „обичните смртници“, така и за светски познатите и популарните ѕвезди. 

6-soveti-od-6-slavni-parovi-01.jpg

Се чини дека понекогаш ниту парите ниту ѕвездениот статус не се доволни да ја одржат во живот, а огромниот број на разводи објаснува сосема доволно на оваа тема.

Сепак и во светот на успешните и славните постојат такви кои успеале да го зачуваат својот брак. Сосема очигледно е дека имаат некој мал рецепт за среќа.

Следните 6 славни парови ги споделуваат своите најдобри совети за успешен, долготраен брак:

Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс

Односот помеѓу Блејк и Рајан е „речиси пријателски“, тие си веруваат еден на друг, постојано се смеат и се забавуваат на свој начин.

„Можеме да разговараме покрај каминот со чај цела вечер. А тоа е вистинска, семејна среќа за мене“, изјавила Лајвли во едно интервју.

Совет на парот: „Големата љубов почнува со силно пријателство“.

6-soveti-od-6-slavni-parovi (3).jpg

Мишел и Барак Обама

Парот е во брак речиси 25 години. Во овој период сопружниците (нормално) неколку пати доживеале кризи, а понекогаш бракот бил пред целосен колапс.

Но, мудрата и упорна Мишел била онаа којашто секој пат ја спасувала врската. Според признанието на поранешната прва дама на САД особено многу ѝ помогнал психологот во врска со ова прашање.

Совет на парот: „Никогаш не си легнувајте доколку сте скарани“.

6-soveti-od-6-slavni-parovi (2).jpg

Џејда Пинкет и Вил Смит

Вил умее и самиот да се пошегува за тоа што е во брак со Џејда цели 20 години. Актерот е сигурен дека „навистина добриот секс“ им помогнал да ја зачуваат семејната идила, а „скромно“ изјавува дека е многу добар во кревет. Другиот негов совет се однесува на способноста за комуникација.

Совет на парот: „Многу разговараме. Некој ќе рече дека ова е дури премногу. Но, комуникацијата е сè во врската“.

6-soveti-od-6-slavni-parovi (1).jpg

Ливија и Колин Фирт

Британскиот оскаровец и неговата сопруга се заедно повеќе од 20 години. Ова е идеален брак: Колин дури ѝ го простил неверството на Ливија со еден фотограф, но тие и понатаму останале заедно, без оглед на сè.

Совет на парот: „Без разлика колку сте зафатени, секогаш најдете време еден за друг“.

6-soveti-od-6-slavni-parovi (5).jpg

Сара Џесика Паркер и Метју Бродерик

Сара и Метју се во брак повеќе од 20 години и заедно имаат 3 деца.

„Понекогаш ме нервира, но тоа ја прави нашата врска интересна. Сигурна сум дека и јас понекогаш го нервирам“, изјавила ѕвездата на „Сексот и градот“ во една прилика.

Сепак, таа споделува многу малку детали од нивната брачна заедница.

Совет на парот: „Никогаш не дозволувајте да ви се мешаат странци во врската“.

6-soveti-od-6-slavni-parovi (6).jpg

Дејвид и Викторија Бекам

Во 2019 година овој пар ја прослави својата 20-годишнина од бракот.

„Кога сте во брак, работите се усложнуваат. Бракот е навистина тешка работа“, изјавил Дејвид.

Но тие одлично се носат и со прекувремената работа, а Викторија го потврдува тоа: „Дејвид е мојата поддршка, ги делиме домашните обврски подеднакво. Кога патувам, тој ги носи децата на училиште и им ја подготвува храната“.

Совет на парот: „Децата се семеен приоритет, сè што правиме се врти околу нив“.

6-soveti-od-6-slavni-parovi (4).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Учел во одделение за деца со посебни потреби, носел ножеви во училиште - Факти за Рајан Гослинг Кога имал 10 години во училиште отишол со ножеви, затоа што сакал да биде Рамбо,...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
„Не сакам да сум сопруга, туку девојка“: Шакира и уште 4 славни кои не сакаат да стапат во брак Шакира никогаш не била во брак, а Џејн Фонда смета дека сама може да направи пов...
Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал д...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg