Вистинската причина зошто една од Pussycat Dolls девојките „го пропушти“ обединувањето на групата
- Детали
- вторник, 03 декември 2019
Во 2006-та година почнаа гласините дека девојките од Pussycat Dolls не се поднесуваат, наводно затоа што требало да бидат вокална група, а не да бидат водени од гласот на Никол Шерцингер.
Во 2012-та година пак, Никол призна дека пеела 95% од песните на групата.
Мелоди Торнтон не беше воодушевена од сето ова и очајно се обидуваше да се избори за своето место во групата.
Работите ескалираа токму во 2006-та година, кога Мелоди реши да изведе неколку секунди фалш соло на сцената.
Никол беше очигледно збесната од лутина.
Бидејќи веројатно тоа беа најнепријатните 30 секунди во нивната музичка кариера:
https://twitter.com/JoeyEile/status/1199981917623504896
Години подоцна, Мелоди не беше дел од реобединувањето на групата и сега изгледа знаеме зошто.
„Бев пејачка, а не танчарка, но не ми беше дозволено да пеам и ми беше кажано дека не знам да играм.
Луѓето мислат дека сум ѝ лута на Никол бидејќи таа пееше, а јас не. Не е точно. Тоа беше нејзин сон и се оствари за неа. Само го сакав истото и за мене. Го сакав најдоброто за сите.
Јас сум феноменален вокалист, но никогаш немавте шанса да го слушнете тоа. Сепак, не е вина на Никол,“ објасни Мелоди во едно интервју за Mirror UK.
Да се потсетиме на настапот кој вреди да го изгледаме повеќе од еднаш...
М. Д. | Црнобело