Најозборувана викендов - Бијонсе заблеска на гала вечерта на фондацијата Шон Картер
- Детали
- понеделник, 18 ноември 2019
Бијонсе го привлекува сечие внимание каде и да се појави, а истото се случи и овој викенд.
38-годишната пејачка објави неколку фотографии на нејзиниот Instagram профил, на кои изгледа неверојатно во светкав тесен беж фустан.
Фотографиите се направени пред гала вечерта за фондацијата Шон Картер во Флорида, на која Бијонсе присуствуваше со сопругот Џеј Зи.
Фустанот одлично ја прикажува фигурата на Бијонсе, а целиот изглед, пејачката го дополнила со чанта во форма на банкнота од 1 милијарда долари.
За само два часа, фотографиите на Бијонсе собраа над 4 милиони лајкови.
Фондацијата Шон Картер го доби името според 49-годишниот Џеј Зи. Фондацијата е всушност јавна добротворна организација, што им помага на заедниците на кои им е потребна помош. Акцентот е ставен на образованието на децата од сиромашните заедници.
Според веб-сајтот на фондацијата, галата е единствениот настан за собирање пари, на кој има аукција во живо, перформанс на Алиша Кис, како и многу други специјални настани.
Во текот на вечерта, Бијонсе ги изненади гостите со уште еден изглед. Пејачката заблеска во долг фустан со пердуви дизајниран од Роберто Кавали.
Фустанот е украсен со кристали, а пејачката ја дополнила комбинацијата со големи обетки и темен кармин.
Спирова С. | Црнобело