„Сексот и градот“ продолжува?
- Детали
- понеделник, 10 јануари 2011
Договор за снимање на трет дел од првобитната серија, а потоа и филм „Сексот и градот“ не е постигнат пред се заради неуспехот на вториот дел.
Сепак, новите случки на четирите пријателки изгледа дека повторно ќе можеме да ги гледаме.
Имено, како што открива еден американски таблоид, „Сексот и градот“ најверојатно повторно ќе оживее, овој пат низ кратки епизоди кои би ги гледале он-лајн, а главните актерки без кои ова не би имало смисла се навистина загреани за оваа идеја и барем на кратко да се вратат во животот на милионските обожаватели.
Сара Џесика Паркер, извршен продуцент и актерка, неодамна изјави нешто што прилично се поклопува со оваа приказна:
„Се надевам дека Кери ќе продолжи да живее. Сигурна сум дека ќе биде така, иако нема да има нов филм.“
Дали оваа идеја навистина ќе се реализира останува да видиме.