Доналд и Меланија Трамп направија хорор верзија од Белата куќа и делеа чоколатца за Halloween (фото)
- Детали
- вторник, 29 октомври 2019
Во понеделникот вечерта, Доналд и Меланија Трамп ја обележаа Ноќта на вештерките во Белата куќа.
Претседателот и првата дама на САД не се маскираа, но дефинитивно им се допаднаа маските на децата што ги посетија.
Трамп го „одобри“ костимот на едно момче преправено во диносаурус, а поздрави и мало момче кое беше преправено како маринец.
Белата куќа беше украсена во духот на празникот, а декорациите навистина изгледаа одлично.
На скалилата од јужната страна беа поставени стотици тикви, а на столбовите имаше црни стебла, кои изгледаат како проколната шума.
Оркестарот, пак, изведуваше познати песни, вклучувајќи ги и оние од Хари Потер и Игра на тронови.
Давањето слатки на децата е долга традиција во Белата куќа. Првите прослави за Ноќта на вештерките во Белата куќа започнале во 1958-ма година, но семејството Никсон било првото што ги поканило и локалните деца на настанот.
Покрај слатките, за децата беа организирани и разни забавни активности – имаше скафандер од НАСА, како и трактор од Одделот за агрикултура. Децата можеа да ја разгледаат и претседателската лимузина, позната како The Beast (Ѕверот).
Погледнете како изгледаше целиот настан:
Спирова С. | Црнобело