Човечки глави и череп од диносаурус - Најчудните работи што ги има купено Николас Кејџ
- Детали
- петок, 25 октомври 2019
Николас Кејџ важи за еден од најексцентричните актери во Холивуд. Го имаме видено како одличен, но и како ужасен актер.
Тој има направено неколку навистина добри, но и неколку навистина лоши филмови. А, исто како неговата кариера, и од неговиот приватен живот можете да очекувате сè.
Знаевте ли дека на почетокот на 2000-тите, Кејџ беше еден од најбогатите холивудски актери, со над 150 милиони долари на сметка? Денес, актерот „тежи“ седум пати помалку.
За актерот е познато дека ги троши своите пари на навистина чудни нешта, а еден период беше задолжен дури 7,5 милиони долари. Токму тој период почна да прифаќа секакви улоги.
Бидејќи сигурно ве интересира како Кејџ успеал да потроши 150 милиони долари, погледнете кои се најчудните нешта што ги купил:
Четири јахти и авион
Кога сте холивудска ѕвезда, купувањето јахта и авион и не е толку чудно.
Но, на актерот не му била доволно една јахта, па купи дури четири. Интересното е што актерот ги купи сите јахти одеднаш, по цена од 18 милиони долари.
Неговиот приватен авион, пак, чини околу 4 милион.
Проколната вила
Кога некоја куќа ја бие глас дека е проколната, веројатно тешко дека ќе ја продадете. Ретко кој би се осудил да живее на такво место, без разлика дали верува во духови.
Но, Николас Кејџ бил воодушевен од една проколната куќа, па ја купи за 4,5 милиони долари.
Сепак, не издржа долго овде, па две години подоцна ја продаде за 2,9 милиони долари.
Наводно, актерот ја купил вилата за да се инспирира за сценарио за хорор филм, но од планот не излегло ништо.
Острови на Бахамите
Островите се уште едно нешто за кое ние обичните смртници можеме само да сонуваме.
Николас има не еден, туку два приватни острови на Бахамите, што ги купи по цена од 7,5 милиони долари.
Гробница пирамида
Николас не е стар, но веќе ги има смислено деталите за неговиот погреб. За својот 50-ти роденден, актерот си подари гробница во форма на пирамида.
На гробницата има и латински натпис – „Omni ab uno“, што во превод значи „Сè од едно“.
Крокодил и ајкула
Изгледа дека и милениците на Николас се необични. Наводно, неговиот дом бил како вистинска зоолошка градина. Покрај крокодилите, Николас има и ајкула.
Череп од диносаурус
Фановите на Николас често се шегуваат дека неговиот приватен живот не е многу поразличен од филмовите што ги снима.
На една аукција, Николас купи череп од диносаурус по цена од 300.000 долари.
Подоцна се откри дека черепот бил украден, па актерот го врати.