2 недели по раскинувањето со девојката, Мајли Сајрус се бакнува со ново момче (фото)
- Детали
- понеделник, 07 октомври 2019
По разводот со Лиам Хемсворт, Мајли Сајрус не го запостави љубовниот живот – беше во кратка романса со Кејтлин Картер, а сега потврди дека се гледа со пејачот Коди Симпсон.
Мајли Сајрус неодамна реши да ја прекине врската со Кејтлин Картер, со која се впушти во авантура веднаш по разводот со Лиам, бидејќи работите се одвивале премногу брзо.
Но, кратко по раскинувањето, таа беше забележана како се бакнува со австралискиот пејач, Коди Симпсон, кој ѝ беше долгогодишен пријател, а очигледно двајцата се „загреани“ еден за друг.
Парот воопшто не се крие, се појавуваат во јавност заедно и беа уловени како се бакнуваат додека се на ручек.
Miley Cyrus & Cody Simpson in California today! ? pic.twitter.com/HT0x7vFBxL
-->-->— Miley Cyrus Reports ?? (@CyrusReports) October 4, 2019
https://www.youtube.com/watch?v=VIAkuQb_W6o
Покрај видеата и фотките на кои се уловени, тие самите објавуваат фотки од нив на социјалните мрежи, а Коди објави видео со неговата нова љубов, додека заедно гледаат филм во кревет, разменуваат нежности и пеат.
Мајли е свесна дека луѓето имаат лошо мислење за неа заради тоа што пречесто ги менува партнерите, но открива дека нема намера да се крие од јавноста, бидејќи не сака да биде затворена дома со партнерите, бидејќи тоа не е забавно.
Останува да видиме дали ќе остане „загреана“ за новиот љубовник или брзо ќе ѝ здодее и тој...
М. М. | Црнобело