Џенифер Анистон на 50 години има само еден дел од телото кој мрази што старее
- Детали
- четврток, 05 септември 2019
Џенифер Анистон наполни 50 години во февруари оваа година, прославувајќи ја 50-ката со луда журка на која присуствуваа голем број од славните пријатели, како и нејзиниот бивши сопруг Бред Пит.
Позната е по тоа што не старее, но при позирањето за најновата насловна за InStyle октомврискиот број, откри дека генерално не се плаши од годините и стареењето, но има само еден дел од телото кој не дозволува да остари.
Наводно, појавата на бели влакна и седа коса ја преплашува како ништо друго.
„Физички се чувствувам неверојатно. Па, чудно ми е кога одеднаш ќе добијам коментар како – Изгледаш одлично за твои години. Мислам дека треба да постои култура на однесување и зборување, по ова прашање.
Но, нема да лажам – не сакам седа коса.“
Како изгледаше Анистон на најновата насловна за InStyle октомври 2019:
М. Д. | Црнобело