Славни дами кои лутаат и не можат да си го најдат совршениот маж

Љубовниот живот на некои славни дами не е толку успешен и тие постојано лутаат, од еден на друг партнер, обидувајќи се да го најдат совршениот.

slavni-dami-koi-lutaat-i-ne-mozhat-da-si-go-najdat-sovrsheniot-mazh-01.jpg

Додека едни не ги држи место и не можат да издржат со еден партнер, па често ги менуваат, други имаат долги врски, но на крајот сепак нешто тргнува наопаку.

Кои славни дами немаат среќа да го најдат вистинскиот партнер?

Мајли Сајрус

Првото сериозно момче ѝ беше Џастин Гастон, а по него ја пронајде среќата во Лиам Хемсворт, но очигледно не вечно. По долгогодишна врска и краток брак, тие се разделија, а пејачката започна да се гледа со Кејтлин Картер.

slavni-dami-koi-lutaat-i-ne-mozhat-da-si-go-najdat-sovrsheniot-mazh-02.jpg

Ријана

Првата сериозна врска од која се очеквуаше среќен крај ѝ беше со Крис Браун, но заврши трагично по неговото насилство.

Потоа во нејзиниот живот се појави Дрејк со кој беше во врска, но подоцна тој ја остави. Сега, таа се гледа со милијардер од Саудиска Арабија, Хасан, а ќе видиме што ќе се случува во иднина.

Низ годините таа се гледаше со уште многу други славни личности, но ниту една врска не била толку сериозна и значајна. 

slavni-dami-koi-lutaat-i-ne-mozhat-da-si-go-najdat-sovrsheniot-mazh-03.jpg

Адриана Лима

Бразилката беше верена со Лени Кравиц, но нивната врска не успеа. Таа се венчаше со српскиот кошаркар Марко Јариќ и со него има 2 деца, но и со него, бракот не ѝ успеа па се разведоа.

По разводот таа еднаш беше забележана со нејзиниот поранешен телохранител Џо Томас, но набрзо ја прекинаа врската. Сега Лима е во врска со турскиот бизнисмен Емир Ујар, а ќе видиме дали оваа врска ќе биде успешна.

slavni-dami-koi-lutaat-i-ne-mozhat-da-si-go-najdat-sovrsheniot-mazh-04.jpg

Селена Гомез

Во 2009-та пејачката започна романса со Тејлор Лаутнер, но не успеаја да издржат долго. Во тој период таа имала и афера со Ник Џонас, а во 2010 Селена почна да се гледа со Џастин Бибер.

Нивната 6-годишна врска беше проследена со драми, подеми и падови, а на крајот, неславно заврши.

Селена подоцна беше освоена од раперот The Weeknd, но романсата не траеше долго.

slavni-dami-koi-lutaat-i-ne-mozhat-da-si-go-najdat-sovrsheniot-mazh-05.jpg

Ирина Шајк

Нема многу  детални информации за нејзиниот љубовен живот, но е прибрана и ја немаат освоено многу машки срца.

Таа беше во долга врска со фудбалерот Кристијано Роналдо, а веднаш по раскинувањето, започна романса со Бредли Купер.

Со актерот беа во брак и ја добија ќеркичката Леа, но годинава, на нивната љубов и дојде крај.

slavni-dami-koi-lutaat-i-ne-mozhat-da-si-go-najdat-sovrsheniot-mazh-06.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Славни парови кои беа верени, но никогаш не стапија во брак (нивната ретро љубов буди носталгија) Дали некој од вас воопшто памти дека Никол Кидман и Лени Кравиц беа во врска, па...
Како Сури Круз ја возвиши мајка ѝ и му зададе удар на славниот татко? Сури го избриша презимето на татко ѝ и зеде презиме со кое ја возвишува својата ...
Славни личности кои си личат толку многу што и фановите не можат да ги препознаат За Пенелопе Круз и Салма Хајек како на сите да им требаат неколку секунди за да ...
Фото-споредби што ќе ве изненадат: Како изгледаат познатите мажи во профил? Бредли Купер, Бред Пит, Николас Кејџ – како изгледаат познатите мажи во профил? ...
Ќерките на Бред Пит, трансродовата ќерка на Илон Маск – Деца кои се откажаа од презимето на славните... Три од шесте деца на Бред Пит и Анџелина Џоли се откажаа од презимето на татко и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg