Ја победиле смртта - Славни личности кои преживеале сериозни операции

Се соочиле со сериозна болест, отишле под нож и преживеале – кои славни личности храбро се бореле за својот живот и не попуштиле?

ja-pobedile-smrtta-slavni-lichnosti-koi-prezhiveale-seriozni-operacii-01.jpg

Додека едни размислуваат за тоа каква пластична операција да направат, други ѕвезди се бореле со сериозни здравствени проблеми и операциите не им биле толку несериозни.

Иако многумина мислат дека животот на славните е совршен и без никакви проблеми, сепак некои од нив се имаат соочено со сериозни здравствени проблеми и успеале да го избегнат најлошото.

Кои ѕвезди преживеале сериозни операции?

Селена Гомез

Таа неколку години пати од автоимуно заболување, а во 2017-та состојбата и се влоши до степен што мораше да направи трансплантација на бубрег. Таа го преживеа тешкиот период и компликациите и денес е во добра состојба.

Прочитајте повеќе Селена Гомез откри дека имала трансплантација на бубрег

14043e6eca417ce344e315c095ed9a01_fitted_740x700.jpg

Анџелина Џоли

Актерката превентивно направи двојна масектомија во 2015-та заради зголемен ризик од рак.

Џоли исто така ги има извадено и јајниците, а не жали за одлуката бидејќи смета дека тоа ѝ го спасило животот.

e63a14b17e22f9fafd98966f5a2c834c_fitted_740x700.jpg

Серена Вилијамс

Тенисерката можела да помине многу полошо откако итно била испратена на операција кога ѝ било откриено затнување на артерија во белите дробови, но за среќа, сè поминало добро и нема никакви проблеми.

c09cb5a00bcb64dd1d1d35a5f98def7b_fitted_740x700.jpg

Емилија Кларк

Ѕвездата на Game of Thrones имала аневризам на мозокот и состојбата ѝ била многу сериозна, па била принудена да оди на комплицирана операција, по која дури не можела ниту да зборува. Две години подоцна, повторно се појавил на другата страна на мозокот и повторно била оперирана. Сега е добра, но мора да ја контролира ситуацијата.

Прочитајте повеќе Емилија Кларк со емотивна исповед за операцијата на мозок: „Им реков да ме остават да умрам“

5b10e59842cc50dea407adbb0d4b2248_fitted_740x700.jpg

Шерон Стоун

Актерката во 2003-та била примена во болница заради главоболка, но било откриено дека има внатрешно крварење во мозокот, па била испратена на операција, по што закрепнувала неколку недели.

5af46fd45e48ec19008b45b4-960-720.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Славни личности кои си личат толку многу што и фановите не можат да ги препознаат За Пенелопе Круз и Салма Хајек како на сите да им требаат неколку секунди за да ...
Славни парови кои беа верени, но никогаш не стапија во брак (нивната ретро љубов буди носталгија) Дали некој од вас воопшто памти дека Никол Кидман и Лени Кравиц беа во врска, па...
Смртни случаи во Холивуд кои со децении се обвиени со мистерија Дали Мерилин Монро случајно или намерно се предозирала со лекови или, пак, била ...
Познати личности кои имаат повеќе хејтери, отколку фанови Веројатно очекувате на листата да се најде Амбер Херд. Но, кои се другите познат...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Кои познати личности имаат браќа и сестри близнаци (и како изгледаат тие)? Вин Дизел, Ештон Кучер, Скарлет Јохансон... Кои познати личности имаат браќа и с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg