„Неискрени се и ме бркаат од животот“ – Таткото на Меган го критикува кралскиот пар и моли да го види внукот
- Детали
- вторник, 03 септември 2019
Таткото на Меган Маркл, Томас Маркл, наводно ја моли својата ќерка да му дозволи да го види неговиот внук Арчи. Истовремено, тој го обвинил кралскиот пар за нивната неискреност.
Томас изјавил дека ако не му дозволуваат да го види внукот, сакал барем да добие фотографија од Арчи.
„Зарем тоа не го сака секој дедо? Би сакал да знам дали го има познатиот Маркл нос.“
Томас неодамна дал интервју, нешто што ја зачуди јавноста, бидејќи до неодамна се држеше подалеку од очите на јавноста. Причината за ова била бременоста на Меган и тоа што не сакал да ѝ предизвикува проблеми во тој период.
„Немаше никако проблем помеѓу мене и Меган до неодамна. Останав во сенка бидејќи Меган беше бремена со Арчи, но зборувам сега бидејќи тие и нивните ПР луѓе почнуваат да ме бркаат од нивниот живот.“
Меган и татко ѝ ги заладија односите откако Томас среди фотосесија за папараците за време на венчавката на Хари и Меган. Овој потег беше за да си го подобри имиџот во јавноста.
Сепак, сфатил дека направил грешка, па дури и сакал да му се извини на кралското семејство. Но, Меган и Хари го замолиле да не го прави тоа.
Томас ја ја пропушти венчавката на неговата ќерка, наводно поради два инфаркти. Изјавил дека ниту Хари ниту Меган не го прашале како е во тој период, иако тој им пратил порака и им кажал дека се наоѓа во болница.
Можеби знаете дека Меган има изјавено дека самата се финансирала додека била на факултет, но Томас вели дека и ова не е вистина.
Тој вели дека тој платил за нејзиното образование, како и за нејзините патувања во Шпанија и Англија. За него била вистинска чест да плати за образованието на ќерка си.
„Доста ми е од лаги. Доста ми е да бидам исклучен од нивните животи. Отсекогаш сум ја завршувал мојата должност како татко. Коментарите на Меган за тоа дека сама си платила за факултет се навредливи за мене.“
Како сето ова да не е доволно, Томас почнал да ги обвинува Меган и Хари и за нивното летање со приватен авион. Сметал дека е срамно што Хари и Меган се залагаат и зборуваат за едно, а прават нешто сосема друго.
„Сите зборуваат за тоа колку се прекрасни и грациозни, но тие не се добри кон своето семејство. Не можете да се прикажувате како добра личност, а потоа да бегате од вашиот татко и целото ваше семејство.“
„Уште го немам запознато Хари. Зошто принцот Хари не може да се качи на авион и да ја побара раката на ќерка ми? Очигледно не му е проблем да лета со приватни авиони.
Ако сака да дојде и да ме види со приватен авион, има аеродром во близина во Тихуана, а Сан Диего е веднаш преку граница. Има дузина комерцијални летови од Англија до Сан Диего и Лос Анџелес секој ден.“
И покрај сите критики и лоши зборови, Томас заклучил дека сепак сака да го смири односот со војвотката Меган и принцот Хари.
Во февруари, Томас го објави писмото што му го напиша Меган после кралската венчавка, во кое го моли повеќе да не зборува со медиумите.
„Ако ме сакаш како што им кажуваш на медиумите, те молам престани. Те молам дозволи ни да си ги живееме животите. Те молам престани да лажеш, те молам престани да создаваш толку многу болка, те молам престани да ми ја експлоатираш врската со сопругот.
Сфаќам дека си длабоко во зајачката дупка и дека можеби мислиш дека нема излез, но ако одвоиш момент да размислиш, мислам дека ќе сфатиш дека живеењето со чиста свест е повредно од која било плата.“
Меган исто така тврди дека никогаш не добила порака дека татко ѝ е во болница.
Спирова С. | Црнобело