10 пати кога методите за воспитување на Крис Џенер биле дискутабилни
- Детали
- петок, 06 септември 2019
„Ѓаволот работи напорно, но Крис Џенер работи понапорно“ – постои причина зошто многумина ја имаат оваа изрека за мама Крис која е подготвена на сè за нејзиното семејство секогаш да биде во центар на медиумското внимание.
Крис Џенер е заслужна за големата слава која ја достигна целото семејство, а таа не запира ниту за момент и не дозволува нивната популарност да падне.
Таа беше во брак со Роб Кардашијан до 1991-ва година, со кој ги има четирите деца Кортни, Ким, Клое и Роберт. Потоа се омажи со Кејтлин Џенер, тогаш Брус, со кој беше во брак до 20115-та, а ги имаат двете ќерки Кендал и Кајли Џенер.
Иако Крис има направено многу работи за да им помогне на децата да се издигнат, сепак има направено и некои дискутабилни работи, кои јавноста не ги прифаќа како нормални.
Таа дефинитивно нема обични методи на воспитување, а ова се некои од најчудните родителски вештини во кои фановите се посомневале:
1. Го поддржа домашното видео за возрасни на Ким, за кое има шпекулации дека таа го објавила во јавност.
2. Поранешна дадилка во семејството, има изјавено дека Крис немала многу нерви и лошо се однесувала, дека кога сака нешто тоа мора да се оствари веднаш, а еднаш има излудено затоа што заборавила да купи брокула, по што си дала отказ.
3. Иако фановите мислат дека гласините во таблоидите потекнуваат од блиски извори, сепак многумина шпекулираат дека Крис тајно ги продава приказните за семејството.
4. Крис е обвинета дека го прекинала и откажала шоуто на Блек Чајна откако таа го напуштила Роб Кардашијан, а за тоа дури и ја тужела.
5. Пред некој да влезе во нејзината куќа или во нечија од нејзините деца, мора да потпише договор за доверливост, а ако некој го прекрши ќе се соочи со скапа тужба, за што Крис има изјавено дека не ѝ е грижа дали станува збор за богат или сиромашен човек...
6. Дозволуваше ќерките Кендал и Кајли да излегуваат, да се забавуваат и да бидат под дејство на алкохол кога не беа полнолетни, а папараците успеаја да ги уловат во непријатни состојби...
7. Роб Кардашијан не се снашол добро финансиски како неговите сестри, а посебно откако Блек Чајна го остави со малечката ќерка, па Крис го издржува финансиски на 32 години...
8. Дозволуваше Кајли да се гледа со 8 години постариот Тајга, кога таа имаше само 16 години.
9. Исто така дозволи Кајли да си го промени изгледот со пластични операции и полнење на усните уште додека имаше 16 години.
10. Свекрвата на Крис, односно мајката на Кејтлин, го критикува нејзиното мајчинство, велејќи дека сака сè да биде по нејзино и дека не постои друг начин освен нејзиниот, па уште од почетокот се дистанцирала од неа, но не ѝ се допаѓало воспитувањето на внуците.
М. М. | Црнобело