Џеј Ло се прошета по „пижами“ и патики во Тел Авив, пред концертот (фото)
- Детали
- четврток, 01 август 2019
Облечена во комплет со животински принт, кој наликува на пижами, Џеј Ло заедно со Алекс прошета низ Тел Авив пред концертот кој ќе се одржи вечерва.
По спектакуларната прослава на 50-иот роденден, Џенифер Лопез не запира со обврските, па од Мајами слета во Тел Авив по повод концерт.
Концертот е закажан за 1-ви август, а пејачката беше забележана како оди на вечера со Алекс Родригез и како уживаат низ градот заедно со децата.
Облечена во свилен комплет со животински принт, кој многумина го споредија со пижами, комбиниран со патики, Џеј Ло ги сврте сите погледи кон неа.
Претходно папараците ја уловиле кога пристигнала во Израел, повторно облечена во спортски комплет со животински принт, a фановите успеале да ја уловат и во друго модно издание.
https://twitter.com/gilmishali/status/1156461384684711936/photo/1?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1156461384684711936&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.jpost.com%2FIsrael-News%2FJLo-and-A-Rod-explore-TLV-by-Hannah-Brown-597266
Џеј Ло за првпат во Израел – како изгледа дивата?
М. М. | Црнобело