Македонката Снежана Маркоски, која е хит во Австралија, стана мајка по трет пат
- Детали
- понеделник, 29 јули 2019
Својот сопруг го запозна во австралиско реално шоу, а и во третата бременост беше неверојатно сексапилна трудница.
Снежана Маркоски е Македонка што се прослави во едно австралиско реално шоу. Таму го запозна својот сакан Сем Вуд и потоа се омажи за него и стана Снежана Вуд.
Таа од претходен брак ја има ќерката Ева, па заедно со Сем ја добија ќерката Вилоу, а сега Снежана по трет пат стана мајка на девојче.
„Уште едно убаво мало девојче што ќе го полуди тато. Чарли Лејн Вуд ти си мала капка од небото“, напиша Снежана на фотографијата од нејзиното прекрасно новороденче.
Инаку, Снежана е позната по својот спортски дух, па така таа во текот на целата бременост изгледаше фит.
Фотки од убавата трудница и нејзиното семејство: