Сингл на 44 години - Натали Имбрулија забремени од донатор на сперма
- Детали
- четврток, 25 јули 2019
Соништата се остваруваат ако сте одлучни, Натали Имбрулија е на пат да си го оствари сонот да стане мајка, иако не пронајде соодветен партнер.
Натали Имбрулија откри дека го очекува своето прво дете. 44-годишната пејачка направи третман за вештачко оплодување со сперма од донатор за да го оствари својот сон да стане мајка.
Натали објави фотка со стомаче.
Пејачката која е сингл открива дека сите што ја знаеле биле свесни дека го посакува овој миг многу одамна и дека се чувствува благословено што постојат вакви третмани во медицината.
„Возбудена сум за наредната авантура.. Ќе имам нов албум и ќе станам мајка“, откри таа.
Таа уште одамна изјави дека ако не најде соодветен партнер со кој би имала дете, тогаш ќе побара некоја друга опција. Никогаш не мислела дека ќе биде разведена и без деца во 40-тите, па затоа решила да ги преземе работите во свои раце и конечно да се реализира во улогата на мајка.
С. С. | Црнобело