10 актерки кои пронајдоа вистинска љубов после пропаднатите врски
Марго Роби и Том Акерли
Се запознале на филмски сет во 2014 година. Том му бил асистент на режисерот, а Марго толкувала една од главните улови Suite Française. Парот ја криел својата врска од јавноста, а се венчале во 2016 година.
Том воедно е продуцент на филмот I, Tonya, за чија улога Марго доби номинација за Оскар за најдобра женска улога.
https://www.instagram.com/p/BngHCiEBvdz/?utm_source=ig_embed
Ејми Адамс и Дарен Ле Гало
Заедно студирале глума, а нивната врска започнала во 2002 година. Меѓутоа, не се венчале до 2015 година, а заедно се родители на 9-годишна ќерка. Во текот на сите овие години Ле Гало непрестајно ја поддржувал својата партнерка.
Адамс изјавила дека му е многу благодарна, бидејќи со него има чувство дека е дел од вистинско семејство, поради темпото на нејзината кариера.
Аманда Сејфрид и Томас Садоски
Двајцата глумци имале неуспешни врски. 33-годишната Аманда имала 5-годишна врска, а Томас 8-годишна пропадната врска зад себе.
Сепак, во 2015 година се запознале, а по раѓањето на нивната ќеркичка во 2017 година се венчале.
https://www.instagram.com/p/BwTfyfFnv9-/?utm_source=ig_embed
Џесика Честејн и Џан Лука Паси де Препосуло
Џан Лука е италијански дизајнер и 6 години помлад од 42-годишната Честејн. Се венчале во 2017 година, 5 години откако ја запоќнале врската.
Глумицата изјавила дека бракот е многу поинаков отколку што очекувала. Сите околу неа ѝ зборувале дека првата година од брачниот живот е најтешка, но Џесика изјавила дека досега била неверојатно.
Никол Кидман и Кит Урбан
Никол и Кит се запознале на гала забава во 2005 година. Актерката се потсетува дека била многу збунета, бидејќи пејачот навистина многу ѝ се допаѓал. Но, Кит не покажал речиси никаков интерес кон неа.
Според него, го имал нејзиниот телефонски број, но бил уплашен да ѝ се јави, затоа што сметал дека нема да имаат ниту една заедничка тема за разговор.
По 4 месеци пејачот конечно собрал храброст да ѝ се јави, а една година подоцна се венчале. Денес имаат 2 деца, а пејачот истакнува дека Никол му го спасила животот и му помогнала засекогаш да се одвикне од зависноста од дрогата.
52-годишната актерка пред бракот со Кит Урбан беше во 11-годишна брачна врска со Том Круз.
(О)Милена | Црнобело