10 актерки кои пронајдоа вистинска љубов после пропаднатите врски

Љубовта е сложена, дури и кога имате милиони долари на сметката и вашето лице го препознаваат насекаде низ светот. Некои би рекле дека во овој случај е уште покомплицирана.

10-akterki-koi-pronajdoa-ljubov-posle-propadnatite-vrski-01.jpg

Но, овие 10 прекрасни актерски се доказ дека сите заслужуваат (и може да пронајдат) вистинска љубов, дури и кога имале многу лоши, претходни искуства на љубовното поле:

Емили Блант и Џон Красински

36-годишната актерка била во врска со пејачот Мајкл Бубле, но ја прекинале врската во 2008 година. Го запознала Џон сосема случајно: таа вечер била во ресторан со пријателките и ги дискутирале предностите на сингл животот.

Една година подоцна, Џон ја запросил Емили, а се венчаа во 2010 година. Заедно имаат 2 деца.

Сара Џесика Паркер и Метју Бродерик

Сара и Метју ја прославија 22-годишнината од својот брак оваа година. Заедно имаат 3 деца. Актерката тврди дека секогаш се лути кога некој друг се обидува да посочи некој проблем во нивниот брак или кога медиумите пишуваат како тие двајца се пред развод.

Сара Џесика Паркер беше во врска со Роберт Дауни Џуниор, но за Метју тврди дека е најзабавниот маж што го запознала во животот и дека е луда по него.

https://www.instagram.com/p/Boh1U7FgHtb/?utm_source=ig_embed

Вера Фармига и Рен Хоки

Ова е втор брак за 45-годишната актерка. Претходно била во брак со актерот Себастијан Рош кој траел 8 години. По разводот го запознала Рен, американски музичар, текстописец, глумец и продуцент. Пред да се венчаат во 2008 година биле во врска 4 години.

Заедно се веќе 16 години и имаат 2 деца.

Розамунд Пајк и Роби Јунијак

Се венчале во 2009 година и имаат 2 деца. Роби е математичар и цели 18 години постар од актерката Розамунд Пајк. Ова не е првата сериозна врска за двајцата, претходно имале многу неуспешни, пропаднати љубовни врски.

Розамунд истакнува дека остриот ум на Роби ѝ помогнал во поглед на обликувањето на ликовите коишто ги глуми во филмовите.

Фелисити Џоунс и Чарлс Гард

35-годишната Џоунс зад себе има 10-годишна врска, но по раскинувањето во 2013 година, само 2 години подоцна го запознала режисерот Чарлс Гард, а во 2018 година запловиле во брачните води.

https://www.instagram.com/p/Bk55-SCjCwi/?utm_source=ig_embed

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg