Дејвид Бекам на Вимблдон како излезен од модна писта (фото)
- Детали
- петок, 12 јули 2019
Откако Меган Маркл беше критикувана за не почитување на дрес кодот на Вимблдон, Дејвид Бекам им одржа модна лекција на сите мажи.
Дејвид Бекам никогаш не разочарува со неговиот стил и секогаш знае да им одржи по некоја лекција на мажите за тоа како треба да изгледаат.
Дотеран во одело со кравата, поранешниот фудбалер се појави на Вимблдон заедно со неговата мајка.
Ова е настан на кој богатите и славните се појавуваат средени од глава до пети, па за време на мечот, Бекам се дружеше со Ричард и Холи Бренсон.
Неколку дена претходно, Меган Маркл неочекувано се појави на Вимблдон, но беше искритикувана за изборот на лежерна облека.
Дејвид Бекам одржа модна лекција на Вимблдон:
M. M. | Црнобело