Ѕвезди кои не го исполнија ветувањето - дека ќе се иселат поради Доналд Трамп
Барбра Стрејсенд
При гостувањето во Австралија за време на претседателската трка, на музичката дива ѝ беше поставено прашање какви се нејзините планови, во зависност од исходот на изборите.
Барбра Стрејсенд не го криеше анимозитетот кон Доналд Трамп. „Не ми се верува дека таква личност може да победи. Тој нема поим од ништо. Не знам. Или ќе дојдам во вашата земја ако ми дозволите, или, пак, во Канада.“
Сепак, ниту се пресели во Австралија, ни се упати северно кон Канада. Меѓутоа, јасно дава до знаење на социјалните мрежи дека не ѝ годи животот во САД, како во времето на претходникот Барак Обама.
Семјуел Л. Џексон
Познатиот глумец беше меѓу првите звучни имиња од актерската фела кои се придружија на движењето против Доналд Трамп.
Семјуел Л. Џексон не бираше зборови да го искаже револтот кон тогашниот најсериозен кандидат за победа. „Ако тоa к*пиле стане претседател, ќе се преселам во Јужна Африка.“
Од завршувањето на изборите до денешен ден, нема веќе прозборено за плановите за селидба. А, жителите на Јужна Африка се и повеќе од спремни за неговото доаѓање. Според коментарите на Твитер, многумина се возбудени да го пречекаат.
Нив Кемпбел
Холивудската ѕвезда е родена и израсната во Канада. Држава е што добро ја познава, па на репортерите им кажа дека нема да ѝ биде проблем да се врати, ако Доналд Трамп биде избран за претседател.
Нив Кемпбел има двојно државјанство, така што ова ѝ беше најлесниот можен чекор за напуштање на САД. Но, дали го направи?
Иако денес минува повеќе време во татковината, таа не се пресели засекогаш. Уште е гласен критичар е на неговите политики.
Не-Јо
Исто како и претходно споменатиот Снуп Дог, неговиот колега навести дека ќе побегне во комшии на Дрејк, односно мигрира во Канада.
Доналд Трамп е на власт повеќе години. Не-Јо не ги напушти Соединетите Американски Држави. Воопшто се нема огласено дали со откажал од намерата.
Единственото кое го изјави е дека процедурата е мошне долга, бидејќи интересот за селидба во таа држава е драстично зголемен по изборите.
Челси Хендлер
Последната ѕвезда на листа беше најрешителна да ги спроведе нејзините намери. Комичарката, актерка, писателка, телевизиска водителка, продуцентка и активистка, гордо им се пофали на медиумите дека има прибежиште.
„Си купив куќа во друга земја за секој случај. За разлика од луѓето кои само се закануваат дека ќе ја напуштат земјата, а не го прават тоа, јас навистина ќе се иселам од државата.“
Дури ни таа не го исполни ветувањето. Образложението на Челси Хендлер беше дека нашла платформа која ѝ овозможува да ги коментира сите проблеми врзани со американскиот претседател Доналд Трамп.
М. А. | Црнобело