Ѕвезди кои не го исполнија ветувањето - дека ќе се иселат поради Доналд Трамп
- Детали
- среда, 03 јули 2019
Во текот на изборната кампања за американски претседател, мноштво познати фаци се заканија дека ќе ја напуштат државата, па дури и планетата, доколку победи контроверзниот бизнисмен. Оттогаш минаа години, а тие уште живеат во САД.
Ова се ѕвездите кои не го исполнија ветувањето – дека ќе се иселат поради Доналд Трамп:
Мајли Сајрус
Скандалозната пејачка им беше верна поддршка, првин на Берни Сандерс, па на Хилари Клинтон во 2016 година.
Мајли Сајрус во епизода од шоуто за таленти „The Voice“, најави дека ќе си замине од државата, aко Доналд Трамп се всели во Белата куќа.
Откако тој победи, таа запеа друга песна. Му се обрати само со емотивно видео на Твитер, преку кое побара да има поотворен ум. И не ги спакува куферите.
Снуп Дог
Раперот се закани дека ќе тргне на север, ако Доналд Трамп го изберат за претседател на Соединетите Американски Држави.
За дом во Торонто, му се обрати на неговиот колега Дрејк, кој е по потекло од Канада. Снуп Дог уште не поседува недвижен имот во оваа држава.
Мала е веројатноста дека и ќе го купи во иднина. Можеби се премисли да ја напушти земјата, по донесениот акт за легализација на марихуаната во Калифорнија.
Шер
Иконската музичарка, пак, ја одбра најдалечната можна дестинација. Шер не го крие презирот кон Доналд Трамп. Не е негов фан и никогаш нема ни да биде.
Не се плаши да му испрати отровни стрели на Твитер. Непосредно пред неговата победа, вресна дека не само што ќе ја напушти државата, туку и планетата.
„Ако тој биде избран, ќе се преселам на Јупитер.“ Знаете, така? Дивата уште живее на земјината топка.
Џон Стјуарт
Познатиот телевизиски водител и комичар размислуваше слично на Шер, тврдејќи дека ќе ја напушти планетава, ако Доналд Трамп биде изгласан за американски претседател.
„Ќе набавам ракета и заминам на друга планета, бидејќи јасно е дека оваа ќе отиде по ѓаволите.“
Џон Стјуарт денес уште живее во Њујорк. Можеби го гради вселенското летало?!
Амбер Роуз
И темпераментната старлета не се воздржа од искажување на личниот став за Доналд Трамп.
Поточно, иднината што ја очекува, доколку тој седне во претседателската фотеља. „Не можам дури ни да размислувам на оваа тема. Се селам. Си одам. Не можам! И со мене ќе го земам и синот.“
Амбер Роуз не ја елаборираше во целост нејзината стратегија за напуштање на државата, веројатно бидејќи и не беше сосема искрена во намерата.