И покрај критиките, Дејвид Бекам повторно се бакнува со ќеркичката во уста (фото)
- Детали
- петок, 28 јуни 2019
Иако за многумина е грозно и морничаво, Дејвид Бекам не престанува со бакнувањето во уста со неговата ќерка Харпер.
Бекамови постојано добиваат критики за тоа што ги бакнуваат децата во уста, посебно Дејвид, кој често објавува фотки од бакнеж во уста со неговата ќерка.
Иако многумина го сметаат за нормален чин помеѓу родител и дете, за други е грозно и морничаво, и не разбираат зошто татко би ја бакнувал ќерката во уста.
И покрај сите критики, Дејвид повторно беше забележан како ја бакнува Харпер во уста за време на фудбалски натпревар.
Таа е неговата миленичка, бидејќи покрај тројцата синови, Харпер е единствената која е најупорна да ги заследи неговите стапки во фудбалот.
На натпреварот таа изгледа возбудено и среќно што поминува време со својот татко, но дали тоа е причина за таков бакнеж, што мислите вие за ова?
Бекам и Харпер на фудбалски натпревар:
М. М. | Црнобело