12 славни жени кои родија деца по 40-тата година
- Детали
- вторник, 25 јуни 2019
И покрај тоа што лекарите советуваат дека најдобрите години за раѓање дете се до 30-тата, оваа граница постојано се поместува.
Кариерите, неуспешните врски и проблемите со неплодност се само некои од причините зошто жените се одлучуваат на мајчинство подоцна во животот.
Понекогаш жените раѓаат деца и после 40-тата година од животот, а овие случаи неретко го привлекуваат вниманието.
Во оваа група секако се наоѓаат и познатите личности, а во продолжение погледнете кои од нив се одлучиле на родителство дури после 40-тата година од животот:
Ева Мендез, 40 години
Од 2011-та година актерката е во врска со еден од најпосакуваните мажи во Холивуд – Рајан Гослинг. Во овој период, парот доби две ќерки, а потоа се венчаа во тајност.
Во едно од нејзините интервјуа, Ева изјавила дека кога се вљубила во Рајан, не само што сакала да има деца, туку сакала да ги има неговите деца.
Денес Ева го посветува целото свое време на семејството и не планира да му се врати на Холивуд.
Ема Томпсон, 40 години
Британската актерка и добитничка на два Оскари ја доби нејзината ќерка Гаја на 40-годишна возраст, со вториот сопруг Грег Вајс. Покрај Гаја, парот посвои и момче од Руанда.
Никол Кидман, 41 година
Никол имаше 2 деца додека беше во брак со Том Круз, но и двете беа посвоени. После разводот со Том и после неколку врски, Никол повторно стапи во брак со австралискиот пејач Кит Урбан.
Во 2008-ма година, кога актерката имаше 41 година, парот ја доби ќерката Сандеј Роуз. Две години подоцна, парот доби уште една ќерка од сурогат мајка.
Хелен Хант, 41 година
Хелен за прв пат стана мајка еден месец пред да наполни 41 година. За жал, и двата брака на актерката беа неуспешни, но во вториот доби ќерка.
Хелен изјавила дека навистина сакала да има дете, па кога наполнила 40 години си дала уште една шанса која ѝ успеа.