Кој кога изгубил невиност?
- Детали
- понеделник, 06 декември 2010
Колку и да се трудат да ги сокријат своите „валкани“ тајни, тие сепак на крајот испливуваат на површината. Најновите информации се врзани за...
...првото сексуално искуство на ѕвездите.
Неодамна Клое Кардашиан призна дека ја загубила невиноста на 14 години, а потоа додаде и дека се срами од оваа постапка. „Требаше да ги слушам своите родители. Никогаш не дозволувајте некој да врши притисок врз вас посебно кога е во прашање првиот секс.“
Актерот Даниел Редклиф своето прво сексуално искуство го имал на 16 години на својот роденден со постара девојка.
Иако многумина мислат дека Бритни Спирс ја загубила невиноста со Џастин Тимберлејк, нејзината мајка тврди поинаку. Пејачката на 14 години спиела со некој фудбалер.
Актерот Метју Фокс открива дека првиот секс го имал на 14 години и признава дека било грозно искуство.
Лиса Кадроу од „Пријатели“ имала 32 години кога ја загубила невиноста. Чекала до венчавката.
Адриана Лима исто така чекала додека не стапила во брак. Имала 27 години кога за прв пат имала секс.
Неодоливиот Џони Деп имал 13 години кога имал прв секс.
Актерот Дастин Хофман ја загубил невиноста на прослава за Нова Година со доста постара жена која го помешала со неговиот брат. Упс!
Брук Шилдс чекала до 22 години и зажалила за тоа.
И Џесика Симпсон ја загубила невиноста на 22 години кога се венчала.