10 спортисти кои ги заведоа сестрите Кардашијан-Џенер
- Детали
- среда, 12 јуни 2019
Познатите старлети се вистински магнет за богати и славни фраери, а покрај музичари, ѕвездите на реалното шоу не се имуни на кошаркари, како ни фудбалери.
Со некои од нив беа во долга врска, или, пак, брак, додека со другите имаа само кратка љубовна авантура. Кој не остана рамнодушен на убавината на младите дами?
Десетте спортисти кои ги заведоа сестрите Кардашијан-Џенер се:
1. Блејк Грифин
НБА играчот се забавуваше со манекенката Кендал Џенер од 2017 година. Сепак, нивната романса немаше долг век, а патиштата им се раздвоија во април 2018 година.
Блејк Грифин и убавицата беа повторно забележани на Коачела, ама оддалечени еден од друг, како и тотално незаинтересирани за одново да го разгорат стариот пламен.
2. Реџи Буш
Рагбистот бил голем фан на „Keeping Up with the Kardashians“, пред и лично да ја запознае протагонистката на реалното шоу со посредство на негов колега во 2007 година.
Реџи Буш и Ким Кардашијан раскинаа две години подоцна, по што накратко се смирија, за на крајот засекогаш да го прекинат односот меѓу нив.
3. Рашад Мекантс
Кошаркарот влета во животот на Клое Кардашијан во 2008 година. Меѓутоа, односот на двојката заврши и пред воопшто да започне. Рашад Мекантс остана со старлетата само месец дена.
На неа не ѝ требаше долго време да го преболи, па набрзо романтично се поврза со друга ѕвезда од НБА. Таа врска ѝ траеше значително подолго. Погодувате ли за кого станува збор?
4. Бен Симонс
Тој е уште еден кошаркар на листата што заврши во прегратките на младата Кендал Џенер. Се запознале преку заеднички пријатели, а врската ја официјализираа во месец февруари.
Парот дури и го доби заедничкото име „Бендал“. Наспроти големите надежи дека ќе им се посреќи на двајцата, Бен Симонс и моделот се разделија во месец мај.
5. Кристијано Роналдо
Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, исто така не ѝ одолеа на занесната бринета Ким Кардашијан. По раскинувањето на врската со Реџи Буш, старлетата имала кратка авантура со Кристијано Роналдо во 2010 година.
Според порталот Тhe Richest, ѕвездите се забележани и како разменуваат нежности во јавност. Оттогаш е помината една деценија, така што повеќе детали за нивната афера тешко дека ќе испливаат на површина.