Што прави Кијану Ривс кога позира со жени - фановите го забележаа истиот потег на сите фотки
- Детали
- вторник, 11 јуни 2019
Актерот важи за еден од најдобродушните мажи во Холивуд, а со ваквиот гест предизвика лавина од коментари и прашања на социјалните мрежи.
„Погледнете му ја десната/левата рака!“, „Можеби се обидува да избегне обвинение?!“, „Ма, тој е вистински џентлмен!“, „Ова е доказ во случај на тужба.“, „Пази да не го осудат.“, „Знае дека во спротивно би го прогласиле за сексист.“ и „Дефинитивно е пречиста душа за овој свет!“.
Ова се само дел од реакциите на луѓето, откако од фановите беше воочен еден невообичаен детаљ на повеќето фотографии каде ѕвездата е во придружба на обожавателки или колешки, односно припаднички на понежниот пол.
Што прави Кијану Ривс кога позира со жени? Избегнува да ги допира по телото, иако навидум се чини дека ги прегрнува. 54-годишниот актер цело време ги држи рацете оддалечени од нивните половини. Веројатно е вистински кавалер, па смета дека физичкиот контакт е непримерен.
А, можеби и навистина се плаши од осуди во јавноста. Какво е вашето мислење за неговиот потег?
M. A. | Црнобело