Емили Ратајковски го носеше најразголениот фустан на Тони наградите 2019 (фото)
- Детали
- понеделник, 10 јуни 2019
Емили Ратајковски се потрудила сите погледи да бидат свртени во неа на црвениот тепих на Тони наградите 2019.
Во Њујорк, вчера се одржаа Тони наградите по 73-ти пат, а дамите на црвениот тепих се појавија во елегантни и свечени аутфити.
Сепак, единствената која се одвојуваше на настанот беше Емили Ратајковски, облечена во фустан кој повеќе открива отколку што покрива.
Црниот фустан со длабоко деколте и исечоци е креација на Michael Kors, а на црвениот тепих Емили се појави заедно со дизајнерот.
Изгледот таа го надополни со нежна, но впечатлива шминка и кратка боб фризура.
Како изгледаше најразголениот фустан на Тони наградите на згодното тело на Ратајковски:
М. М. | Црнобело