Криси Тајген и Џон Леџенд ги прошетаа децата на пазар во Италија (фото)
- Детали
- четврток, 06 јуни 2019
Криси Тајген и Џон Леџенд обожаваат да патуваат, а често ги носат и децата со нив, па овојпат беа забележани во Сиена, Италија.
Криси и Џон се 6 години во брак, но нивната хемија и љубов не згаснува, а иако децата им го променија животот, сепак успеваат да се организираат и да поминуваат многу време заедно како семејство.
Периодов, тие се на одмор низ Европа, а првата „станица“ им беше во Париз, па оттаму продолжија кон Италија.
Моментално, парот и нивните две дечиња Луна и Мајлс, се во Сиена, Италија и уживаат во нивниот одмор, а гордата мајка се пофали дека синчето изгледа ќе ги направи првите чекори таму.
Облечени во лежерни аутфити, тие беа забележани како шетаат на пазар и купуваат свежи намирници со децата.
Парот на одмор во Италија:
М. М. | Црнобело