Славни парови кои докажуваат дека убавиците не се „палат“ само на фраери со густа коса
- Детали
- сабота, 08 јуни 2019
За припадниците од посилниот пол кои го имаат прифатено губитокот на косата, односно со гордост си ја прикажуваат ќелавоста, студиите посочуваат дека им се исклучително привлечни на жените.
Ваквата теза ја потврдуваат и многубројни познати дами, чиишто емотивни партнери се со проретчена коса, парцијално ќелави, или, пак, со комплетно избричена глава.
Една од нив е германскиот супермодел Клаудија Шифер, која веќе седумнаесет години е во брак со филмскиот продуцент и режисер Метју Вон. Тој баш и не може да се пофали со претерано бујна коса.
Косата никогаш не ѝ била пресуден фактор ниту на британската манекенка Роузи Хантинтон-Вајли, која е лудо вљубена во Џејсон Статам, како ни на војвотката од Кембриџ, чијшто сопруг, принцот Вилијам, во текот на врската ја губеше косата.