Славни парови кои ретко може да се видат заедно
Марго Роби и Том Акерли
Имаат заедничка продуцентска куќа, односно соработуваат на мноштво проекти, но Марго Роби и Том Акерли ќе се најдат во ист кадар само во ретки прилики. Двајцата се одлучни да ја држат својата врска што подалеку од очите на јавноста. Затоа, големо изненадување беше и веста дека тие се земале во 2016 година.
Џозеф Гордон Левит и Таша Маколи
Во среќен брак се веќе пет години и имаат две деца. Меѓутоа, нив баш никогаш нема да ги видите како разменуваат нежности на црвениот тепих. Гостувајќи на радио емисија, Џозеф Гордон Левит призна дека неговата сопруга воопшто не е заинтересирана за светот на Холивуд. Поради тоа глумецот и Таша Маколи ги избегнуваат светлата на рефлекторите.
Алексис Бледел и Винсент Картисер
Се запознале на сетот за серијата „Mad Men“, по што лудо се вљубиле еден во друг, за на крајот да се венчаат во целосна тајност во 2014 година. Оттогаш ретко може да се видат сопружниците во исто друштво на црвениот тепих.
Адел и Симон Конецки
Никој не ги знаеше деталите за љубовта помеѓу славната музичка ѕвезда и нејзиниот сопруг, иако двајцата со години беа заедно. Адел го роди првото дете во 2012 година, а во 2017 година откри дека се омажила за Симон Конецки. Парот се раздели неодамна.
M. A. | Црнобело