Славни парови кои ретко може да се видат заедно
- Детали
- недела, 02 јуни 2019
Постојат и ѕвезди кои интимата максимално ја кријат од будните очи на јавноста. Па, за многумина е всушност мистерија нивниот однос.
Некои познати двојки не живеат деноноќно пред фотографските објективи, телевизиските камери и на социјалните мрежи, докажувајќи дека и тоа е возможно во Холивуд. Верувале или не.
Споменатите љубовни тандеми не се спремни да ги „продадат“ романтичните средби со партнерите за слава. Напротив.
Не се појавуваат рака под рака на настани со саканите, им се поткраднуваат на папараците и по ниту една цена не ја експонираат нивната врска или брак во медиумите.
Ова се славните парови кои ретко може да се видат заедно:
Лејтон Мистер и Адам Броди
Славните телевизиски глумци запловија во брачните води пред пет години, а година дена подоцна им се роди ќеркичката Арло. Ретки се миговите кога актерката што се прослави со улогата во серијата „Gossip Girl“ и сопругот може да се видат заедно во јавност.
Рајан Гослинг и Ева Мендез
Многумина и забораваат дека познатата двојка се венчаше во 2011 година и родители се на две ќеркички. Фотографиите од заедничките јавни појавувања на Ева Мендез и Рајан Гослинг се навистина ретки, бидејќи речиси и да ги нема.
Кејти Холмс и Џејми Фокс
Врската меѓу нив двајцата е една од најдобро чуваните тајни во Холивуд. Иако никогаш ја немаат потврдено љубовта, цели четири години се шпекулира дека тие сепак се заедно. Во прилог на ваквите гласини одат и малубројните направени фотки од папараците.
Бенџи Маден и Камерон Диаз
Американскиот рокер и холивудската актерка си го кажаа судбоносното „да“ пред четири години. Оттогаш само неколку пати имаат позирано заедно.