Што прави силиконската дива?
- Детали
- петок, 26 ноември 2010
Сите се сеќаваме на платинестата плавуша која во деведесеттите години беше главна на плажата Baywatch. Памела беше синоним за сексипил и силикони.
Цели семејства на екраните ја гледаа заносната дива во три броја помал костим за капење.
Фантастично тело, насловни страници, познат рокер за сопруг, деца...се чинеше дека се и оди од рака.
Како и обично, вистината била потполно поинаква. Во последните 10 години Памела се разведе, сними нов филм, беше во врска со манекен, рокер и електричар. Заради преголеми трошоци се пресели од својата луксузна вила на Малибу во камп куќичка во дворот.
Денес Памела веќе не бира каде ќе настапи, само за да заработи долар повеќе. Така во моментов настапува во индиското реалити шоу Big Boss.
Инаку, Памела е единствена жена на светот со дури 14 насловни страници за американски Playboy.