Моментот кога принцот Вилијам се соочи со Хари за Меган Маркл
- Детали
- четврток, 07 февруари 2019
Кога почна тензијата? Кои зборови на Вилијам принцот Хари ги сфати како напад врз неговата избраничка?
Нема сомнение дека љубовната приказна на принцот Хари и Меган Маркл допре до срцата на многу љубители на кралското семејство низ целиот свет, но таа дефинитивно беше ролеркостер за двајцата, особено за поранешната актерка од серијата „Suits“.
Во период од 18 месеци 37-годишната Меган се сврши со Хари, се пресели во друга земја, се откажа од актерската кариера, стана кралска снаа, забремени со првото дете и ја имаше првата кралска тура.
Но, исто така имаше хаотични настани и со нејзиното семејство.
На ова кралското семејство реагираше со загриженост околу неверојатно брзите промени во животот на Хари.
Во новиот документарен филм за нив „Princesses At War“ кралскиот експерт Кејт Никол вели дека Вилијам се соочил со Хари околу неговата врска со Меган.
Тој бил загрижен дека врската на неговиот брат се движи пребрзо и дека тој бил единствениот кој му е доволно близок за да му го посочи тоа. Вилијам го прашал Хари дали е сигурен дека сака да продолжи со плановите за свадбата.
Иако бил само братски совет, Хари ова го сфатил како напад кон Меган, кон која бил многу заштитнички поставен, и оттогаш почнала тензијата помеѓу браќата, тврди кралскиот експерт. Таа верува дека односот помеѓу браќата оттогаш не е ист.
С. С. | Црнобело