Која е Саманта Кохен - жената задолжена за кралската обука на Меган Маркл?
- Детали
- среда, 12 декември 2018
Таа веќе 17 години е член од кралскиот тим на кралицата Елизабета, а сега секаде оди со Меган и ѝ дава совети.
Меган Маркл по свадбата со принцот Хари во мај 2018 година набрзина скокна во виорот на кралските обврски, но тоа дефинитивно не го стори без помош.
За да ја направи транзицијата од холивудска актерка во Војвотката од Сасекс ѝ помогна Саманта Кохен, член на личниот тим на кралицата Елизабета. Таа е кралски советник на Меган, а можевме да ја забележиме како седи позади Меган и кралицата Елизабета на нивното прво појавување без Хари.
Која е Саманта Кохен?
- Саманта Кохен има 49 години и потекнува од Австралија. Таа е во кралското семејство од 2001 година и е задолжена за односи со јавност.
- Моментално е комплетно посветена на прилагодувањето на Меган на кралската улога, но неколку месеци по доаѓањето на свет на првото дете на Меган и Хари, таа ќе се повлече.
- Минатата година сакала да даде отказ, но одлучила да остане 6 месеци за да му помогне на младиот кралски пар, сепак тој период се продолжил.
- Во текот на годините Саманта напредувала и имала разни работни места, а во 2016 година кралицата ѝ ја дала титулата „Commander of the Royal Victorian Order“.
- Саманта и Меган започнале да имаат состаноци кратко по свршувачката на Меган со Хари.
- Таа оди со нив на кралските настани. Се претпоставува дека била присутна и на турнејата во Австралија.
- Не е единствената која ѝ помага на Меган, војвотката има уште неколку кралски советници.
- Саманта присуствуваше и на кралската свадба каде ѝ даваше совети на Меган во последен миг.
Прочитајте и Зошто личната асистентка на Меган Маркл си даде отказ, само 6 месеци по кралската свадба?
С. С. | Црнобело