Бизарната кралска божиќна традиција што ќе треба да ја почитува и мајката на Меган Маркл
- Детали
- четврток, 22 ноември 2018
Ретко кога некој што не е член на кралското семејство е поканет на раскошната божиќна прослава, но Дориа, мајката на Меган, ги освои симпатиите на сите.
Секое семејство има свои чудни традиции за празниците, но традицијата на британското кралско семејство за Божиќ дефинитивно е една од најчудните.
Таа потекнува од 1900-тите и секој член на кралското семејство треба да се измери пред и по божиќната вечера.
Уште на пристигнувањето, кралицата Елизабета ги замолува гостите кои доаѓаат во дворецот во Сандрингам да се измерат на една од античките ваги, а потоа да застанат на вагата повторно кога си заминуваат.
Идејата е наводно да бидат сигурни дека гостите се „добро најадени“. Секој од нив треба да се грижи за здравјето и затоа оваа традиција симболично се пренесува од година на година.
Правилото за мерење важи за сите, па годинава најверојатно на вагата ќе треба да застанат и Меган Маркл и нејзината мајка Дориа, која е поканета на кралската прослава.
Инаку, ретко кога некој што не е припадник на кралското семејство е поканет таму, но Дориа им ги освои срцата на сите.
Прочитајте и Трикови од кралското семејство како да имате незаборавен Божиќ!
С. С. | Црнобело