Трикови од кралското семејство како да имате незаборавен Божиќ
- Детали
- недела, 07 јануари 2018
Божиќните традиции на кралицата Елизабета ќе ве инспирираат и вас да имате прекрасен Божиќ.
Дочекот на Новата година е зад нас, а сега на прагот од неа се соочуваме со прашањето што да приготвиме за Божиќ и како овој празник да го направиме незаборавен за нашите најсакани.
Некои традиции од кралицата Елизабета ќе ви бидат од помош:
Почнете со подготовки однапред
Кралицата Елизабета некои подготовки за Божиќ ги прави уште од летото. Нејзините обврски вклучуваат подготвување на 750 писма за нејзините роднини, пријатели, соработници.
Ако не успеавте со ова годинава, имајте го на ум за наредната.
Честитајте со лично напишана картичка наместо преку СМС и Фејсбук
Веќе 70 години кралицата Елизабета одвојува време лично да ги потпише семејните разгледници што ги испраќа, па зошто тогаш и вие рачно да не напишете порака за честитање годинава наместо преку СМС и Фејсбук?
Проширете го кругот на луѓе на кои ќе им честитате
За Божиќ кралицата испраќа мали, слатки подароци не само до семејството, туку и до луѓето што работат за неа. Таа ја продолжува традицијата започната од нејзиниот татко и на повеќе од 1.500 луѓе, кои работат за неа, им го разубавува овој ден.
Добра идеја е и вие ненадејно некому да му го разубавите денот.
Славете надвор од градот
Од 1988 година кралското семејство го слави Божиќ и Нова година на имотот на село.
Поинтимната атмосфера ги прави празниците уште поубави, па ако имате некоја викендичка во природа време е за пат.
Поканете ги најблиските
Кралицата Елизабета на божиќната трпеза има само околу 30 најблиски роднини од првото колено, па и вие задржете се само на најблиските.
Се разбира, вашата бројка нека биде уште поинтимна.
Гответе ги истите јадења
Во кралското мени традиционално се служи салата од ракчиња или јастози, печена мисирка со гарнир од зеленчук.
Така и вие во вашиот дом задржете се на традицијата. Сигурно највкусно ќе го приготвите јадењето кое сте го приготвувале десетици пати досега.
Забавувајте се на отворено
Секоја година гостите на кралицата на имотот во Sandringham играат фудбал со жителите на соседните села. Улога на капитен традиционално ја имаат принцот Вилијам или принцот Хари.
Со некоја активност на отворено за време на Божиќ ќе го зближите семејството и одлично ќе се забавувате сите.
Правете исклучоци од правилата
Понекогаш кралицата Елизабета прави исклучоци од строгите правила со цел да го направи среќно своето семејство.
Така, годинава Меган Маркл присуствуваше на божиќната католичка прослава иако сè уште не му е легална сопруга на Хари.
С. С. | Црнобело