Кралицата прекрши уште еден кралски протокол поради мајката на Меган Маркл
- Детали
- понеделник, 05 ноември 2018
Ова е уште еден доказ дека Дориа, мајката на Меган, ги освои симпатиите на кралицата и кралското семејство.
Кога „обичен човек“ ќе се омажи во кралското семејство, тогаш добива многу привилегии. Таков е случајот со Меган Маркл.
Но, мора да прифати и многу жртви за сметка на кралските правила, па така празниците мора да ги минува заедно со кралицата, затоа што нели таа е кралицата.
Типично на овие интимни прослави е листата на гости да е ограничена на официјалните членови на кралското семејство.
Минатата година Меган, кога сè уште не беше во брак со принцот Хари, стана првото лице што не припаѓа на кралското семејство, а доби покана од кралицата за традиционалната прослава на Божиќ.
Годинава, кралицата Елизабета повторно го крши протоколот така што ќе ја покани мајката на Меган, Дориа.
Ова не е практика, но исклучокот ќе се направи затоа што Дориа нема други членови на семејството во Велика Британија, за разлика од семејството на Кејт Мидлтон, па за да не биде осамена за празниците ќе биде поканета.
Интересно е што Дориа присуствуваше и на еден настан кога Меган и Хари си ги вршеа кралските обврски, а тоа исто така не е практика.
Изгледа дека таа навистина ги освоила симпатиите на кралското семејство.
С. С. | Црнобело