Хурем ужива на Малдиви – заводлива во бикини и без шминка (фото)
- Детали
- среда, 07 ноември 2018
Турската ѕвезда ги изненади своите обожаватели со повеќе фотографии, каде позира ненашминкана и во костим за капење. Многумина го пофалија нејзиниот природен и секси изглед.
По сите перипетии кои ги доживеа во минатото, се чини дека Мерјем Узерли сега живее со полни гради. Актерката со германско потекло, која се прослави со улогата на Хурем во турската серија „Величествениот“, деновиве ужива на рајските Малдиви.
Дека вистински ѝ годи одморот, ѕвездата секојдневно покажува и на социјалната мрежа Инстаграм. Милионите обожаватели ги воодушеви со сликите на кои позира во бикини и без шминка, добивајќи низа позитивни коментари за природноста.
35-годишната глумица ретко објавува фотографии во разголено издание, па со секси фигурата дополнително ги изненади верните следбеници. Истовремено, таа им одговори на неодамнешните критики дека претерала со естетските корекции.
Додека беше една од главните ѕвезди на овогодинешниот Кански филмски фестивал, во јавноста се појавија гласини дека направила пластични операции на усните и јаболчиците. Но, со песочните плажи и тиркизното море во позадина, последно нешто на кое убавицата мисли во моментот се злите јазици.
Од галеријата во продолжение, погледнете како изгледа целото патешествие на омилената султанка:
М. А. | Црнобело