Љубовните тајни на Холивуд: Легендарни заводници кои всушност сакале мажи

Некои од најголемите холивудски заводници морале долго време да ја кријат својата тајна. Иако имале врски со прекрасни жени, а некои од нив стапиле и во брак со нив, всушност, тие повеќе преферирале мажи покрај себе и во креветот.

Legendardni-zavodnici-koi-vsusnost-sakale-mazi-01.jpg

Холивудските студија со кои овие ѕвезди ги потпишувале строгите договори практично ги принудиле на двоен живот, а пред очите на јавноста, покрај нив имало место само за припадничките од женскиот пол (во најголем број од случаите тоа биле избранички кои им ги бирале студијата).

Рок Хадсон, на почетокот на ’60-тите години пристигнувал на премиерите и доделувањата на наградите под рака со прекрасни убавици, но во друштво со своето момче, кое исто така имал женска придружба.

„Никој со грам памет во тој временски период не сакал да ја обелодени вистината за својата хомосексуалност. Тоа би значело смрт за кариерата. Сите се правевме дека сме хетеросексуалци. Еднаш на една премиера го сретнавме Пол Њуман и неговата сопруга Џоан Вудворд. Тој нè погледна и се насмеа. На неговото лице прочитав дека знае како Рок и јас сме заедно. Сите се смеевме на ова“, открил Ли Гарлингтон, за кого Хадсон во една прилика изјавил дека е љубовта на неговиот живот.

Legendardni-zavodnici-koi-vsusnost-sakale-mazi (2).jpg

Таб Хантер, холивудски убавец со руса коса и сини очи бил причината за многу скршени женски срца, со имиџ на момче од соседството и симбол на американската мажественост.

Кога бил на врвот на кариерата, таблоидите ги полнеле страниците пишувајќи за неговите врски со Натали Вуд и Деби Рејнолдс. Подоцна, во документарниот филм „Tab Hunter Confidential“ тој открил како сите овие врски биле исценирани, односно „наместени“.

Во тоа време, холивудската машинерија била непријателски настроена кон хомосексуалците. И тој бил еден од многуте кои морале да ја кријат својата хомосексуална природа, како и врската со актерот Ентони Перкинс.

Legendardni-zavodnici-koi-vsusnost-sakale-mazi (4).jpg

Кери Грант и Рендолф Скот се само уште едни од низата кои биле принудени да ја кријат својата љубовна врска. Славните актери се запознале во 1932 година, за време на снимањето на филмот „Hot Saturday“. Набрзо започнале да живеат заедно и цели 12 години го делеле домот во Санта Моника и Лос Анџелес.

Студиото Paramount во 1934 година му наредило на Грант да се ожени со Вирџинија Черил, но бракот траел само 13 месеци, а по разводот Кери му се вратил на заедничкиот живот со Скот.

Legendardni-zavodnici-koi-vsusnost-sakale-mazi (1).jpg

Еден од ретките глумци кој не го криел фактот дека го привлекуваат и мажи бил Марлон Брандо. Холивудската урбана легенда вели дека ги одбил Софија Лорен и Елизабет Тејлор, но не и Рок Хадсон и Џејмс Дин.

„Како и голем број на мажи и јас имав хомосексуални искуства. Не се срамам од нив. Никогаш не сум обраќал преголемо внимание на тоа што луѓето мислат за мене, но доколку постои некој што е убеден дека јас и Џек Николсон сме љубовници – нека продолжи да верува во тоа. Мене ми е забавно“, изјавил Брандо во 1976 година за време на едно интервју.

Legendardni-zavodnici-koi-vsusnost-sakale-mazi (3).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
Остана без работа поради користењето дрога, не ѝ дозволувале да јаде: Тажни детали од животот на Кеј... По бурната врска со Џони Деп, за да го преболи, Кејт Мос се вплетка во љубовен т...
Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...
Му рекле дека умира од рак, се ожени за 38 години помлада жена – Каде е и што прави денес Долф Лундг... Во 2021-ва година му рекле дека има само уште неколку години живот, но благодаре...
Познати светски ѕвезди чии родители им го уништиле детството И покрај славата и богатството, раниот живот на Меколи Калкин не бил лесен. Со н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg