8 работи на принцезата Дијана кои ги наследија војвотките Кејт и Меган
- Детали
- четврток, 25 октомври 2018
Многу често се случува да ги забележиме Кејт и Меган како носат некој стар кралски накит кој претходно припаѓал на некој пред нивното време.
Па така, накитот кој го поседувала принцезата Дијана, сега им припаѓа на нејзините синови Хари и Вилијам, а тие одлучуваат како ќе го поделат со цел да го наследат нивните понежни половини.
Меган, уште на свадбата ѝ оддаде почит на Дијана со прстен кој е наследство на Дијана, а Кејт често знае да се појави со тијара и друг накит кој припаѓал на мајката на Вилијам.
Во продолжение погледнете кои работи од принцезата Дијана сега ги наследиле војвотките:
Вереничкиот прстен на Меган
Составен е од 2 дијаманти кои Хари ги нашол во колекцијата на неговата мајка и сакал да бидат дел од оваа приказна.
Вереничкиот прстен на Кејт
Иако Хари се заљубил во 12-каратниот сафир на вереничкиот прстен кој татко му го дал на неговата мајка, сепак му го препуштил на Вилијам бидејќи и него му значело Кејт да го има прстенот од неговата мајка.
Сафирни обетки на Кејт
Вилијам сигурно знае колку Кејт сака сафири, па во 2010, ѝ ги подарил овие обетки од колекцијата на Дијана.
Меган го добила синиот прстен со аквамарин
Големиот прстен со аквамарин кој некогаш ја красел раката на Дијана, принцот Хари ѝ го подарил на Меган, а таа го носеше на приемот на свадбата.
Кејт ја врати во мода бразлетната со три реда бисери
Никогаш не била помеѓу најпопуларните парчиња накит од колекцијата на Дијана, но Кејт покажа колку моќно може да изгледа.
Омилената тијара на Кејт – „Lover’s Knot“
Оваа тијара била една од омилените на принцезата Дијана, а сега и на Кејт која обожава да ја носи, а досега е забележана со неа на неколку настани.
Меган неодамна ги носеше обетките со пеперутка
Меган ѝ оддаде почит на мајката на нејзиниот сопруг и ги носеше овие обетки од колекцијата на Дијана на турнејата во Австралија, кои таа првпат ги носела по раѓањето на принцот Хари.
На турнејата Меган носеше и златна алка од Дијана
Уште едно парче од колекцијата на Дијана кое Меган го носеше на турнејата во Австралија, која им е прва со принцот Хари, исто како и првото официјално патување на Дијана и Чарлс кое било во Австралија.
М. М. | Црнобело