Кејт Мидлтон на банкет со омилената тијара и обетки од принцезата Дијана (фото)
- Детали
- среда, 24 октомври 2018
Откако ѝ заврши породилното отсуство на почетокот на октомври, Кејт се врати на сите официјални кралски должности.
Таа во вторникот присуствуваше на банкет во Бакингемската палата, а беше облечена во син сирена-фустан, креација на Alexander McQueen.
Во комбинација со многу накит и омилената тијара „Lover’s Knot“, која припаѓала на принцезата Дијана, војвотката од Кембриџ остави впечаток на принцеза од бајките, која многумина ја споредуваа со Пепелашка.
Кејт прво била забележана како доаѓа со автомобил, а иако не се гледал нејзиниот аутфит, таа привлекла внимание со луксузниот накит кој светкал на неа.
Kate's in the Lovers Knot tiara tonight! https://t.co/xEoRQu1N7Q pic.twitter.com/Fp1MpJ6WVY
— Chronicling Kate (@ChroniclingKate) October 23, 2018
Според изворите, ланчето кое таа го носела на настанот, претходно го носела мајката на кралицата Елизабета, а бисерните обетки исто така припаѓале на принцезата Дијана.
Фотки од настанот:
М. М. | Црнобело